Шолц повика за брз прекин на огнот во Газа за да се овозможи испорака на помош

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска повика за брз прекин на огнот во војната во Газа, додека се подготвуваше да го посети регионот погоден од кризата, јави ДПА.

„Сега би било важно многу брзо да се постигне договор за прекин на огнот што ќе овозможи ослободување на заложниците и во исто време да се овозможи хуманитарна помош да стигне до Газа. Ситуацијата е тешка. Неопходно е сега помошта да стигне во Газа во поголем обем. Потребен е прекин на огнот, кој ќе продолжи „во догледна иднина“, рече Шолц пред дводневната посета на Јордан и Израел.

Во исто време, тој повторно го предупреди Израел да не спроведува воена операција во Рафах во јужниот дел на крајбрежниот појас.

„Загрижени сме за понатамошниот напредок на воениот развој. Особено, постои опасност сеопфатната офанзива во Рафах да доведе до многу жртви меѓу цивилното население, што мора да се избегне по секоја цена. Важно е да не се стигне до голема човечка катастрофа, нагласи Шолц.

Треба да знаете
Последни објави