Екипата на Баерн Минхен стигна до нови три бода во Бундеслигата. Баварците беа убедливи на гостувањето во Дармштад 5:2- со што ја задржаа шансата да се борат за првото место.
Сепак, натпреварот не започна најдобро за Баерн, бидејќи Дармштад најпрвин поведе во 28. минута кога Тим Скарке ја погоди мрежата на Мануел Нојер. Водството на Дармштад траеше осум минути, додека Џамал Мусиала го израмни резултатот во 36. минута.
До крајот на првиот дел од натпреварот Баерн дојде до пресврт – Хари Кејн погоди во судиското надополнување. Во продолжението од натпреварот повторно прецизен беше Мусијала, додека победата за тимот од Минхен ја потврди Серж Гнабри во 74. минута од натпреварот.
До крајот на натпреварот мрежите се тресеа уште еднаш на двете страни. Матис Тел постигна пет гола за Баварците, додека Оскар Вилхелмсон го постигна другиот за Дармштад.