СЗО го повика Израел да се откаже од планот за напад врз Рафа

 Генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејесус денеска го повика Израел „во име на човештвото“ да се откаже од планот за напад врз Рафа, на југот од Појасот Газа. 

„Сериозно сум загрижен поради извештаите за израелски план за копнен напад на Рафа. Ескалацијата на насилството во таа густо населена област би довело до уште поголема смрт и страдање“, напиша Гебрејесус на социјалната мрежа „Икс“.

„Во име на човештвото, го повикуваме Израел да го направи ова и да работи на воспоставување мир“, додаде тој, оценувајќи дека евакуацијата што ја планираше израелската армија пред нападот не е изводливо решение.

Треба да знаете
Последни објави