Ноќеска во Штип собрал три паркирани автомобили и повредил пешак

МВР извести дека ноќеска било пријавено дека во Штип на улицата „Борис Кидрич“ возило „доџ“ управувано од Е.О.(23) од штипското село Селце, удрил во паркирани возила: товарно возило „мерцедес“, возило „голф“, во возило „рено“, како и во пешакот Т.К. (45) од Штип. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот Т.К.(45) од Штип, а со полесни повреди се здобил возачот Е.О., констатирани во Клиничката болница Штип. На местото на сообраќајката бил извршен увид од увидна екипа од СВР Штип.

Треба да знаете
Последни објави