Путин собори рекорд освојувајќи повеќе од 87 отсто од гласовите на претседателските избори во Русија

Првите прелиминарни извештаи за резултатите од тридневните претседателските избори во Русија покажуваат дека актуелниот лидер Владимир Путин освоил огромно мнозинство од речиси 90 отсто од гласовите. Резултатите покажуваат дека 87,8 отсто од луѓето гласале за актуелниот претседател, откако гласањето на претседателските избори почна на 15 март, а заврши денеска. Путин се бореше против тројца кандидати од партиите кои не го критикуваа неговото владеење или инвазијата на Украина – Николај Харитонов (Комунистичка партија на Руската Федерација) – 4,6 отсто од гласовите, Владислав Даванко (Нова народна партија) – 4,2 отсто и Леонид Слуцки (ЛДПР) – 3 проценти. Неважечките ливчиња се 1,2 отсто. Во Русија право на глас имаат околу 110 милиони граѓани. Конечните резултати од претседателските избори треба да бидат објавени најдоцна до 28 март. Вкупната излезност била 74,22 отсто.

Треба да знаете
Последни објави