Враќањето во Бразил не му помогна на Робињо – ќе мора да оди во затвор

Поранешниот фудбалер на италијанскиот Милан, шпанскиот Реал Мадрид и англискиот Манчестер сити, Робсон Де Соуза или попознат како Робињо, сепак ќе мора да ја одлежи казната од девет години затвор која ја заработи поради силување. Бразилскиот фудбалски интернационалец беше осуден од италијанските власти во 2017 година и тоа за случај од 2013 година, меѓутоа тој се врати во својата татковива се со цел да ја избегне казната. Бразил и Италија немаат договор за екстрадиција, па Робињо мислеше дека на овој начин ќе успее да и избега на правдата, меѓутоа случајот се префрли во неговата татковина каде судиите во Бразилија одлучија дека тој ќе мора да ја отслужи казната. Со девет гласови „за“ и два „против“ беше донесена оваа одлука на која Робињо ќе има право на жалба. Тој пред неколку дена изјави дека бил неправедно осуден и играше на картата расизам, ама тоа не му помогна.

Треба да знаете
Последни објави