Пенадорвски со поддршка за младите лекари: Секој мора соодветно да биде вреднуван за својот труд

Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски ги поддржува младите лекари и приватните специјализанти во нивната борба за достоинствени плати.

„Фер и правилно е секој да биде соодветно вреднуван за својот труд и знаење а младите лекари не само што не смеат да бидат исклучок, туку треба да бидат предводници на тоа правило.

Соодветно платени и обезбедени млади лекари и специјализанти денес, се врвни доктори и медицински лица во иднината.

Обезбедувањето на фер надомест, платени придонеси и достојни услови за учење и работа, се главните предуслови, младите лекари и специјализанти своите кариери да ги продолжат тука, во својата земја.

Младите лекари и приватни специјализанти мора да го добијат она што го заслужуваат“ се наведува во соопштението од Пендаровски.

Треба да знаете
Последни објави