Премиерот Димитар Ковачевски ќе се обрати на конференцијата „Економски предизвици во 2023 година: Како да го одржиме економскиот раст и ја трансформираме економијата”, во организација на Стопанската комора на Северна Македонија.
Во рамки на панел дискусиите ќе учествуваат гувернерката на Народна банка Анита Ангеловска-Бежоска, заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија Фатмир Битиќи, министерот за економија Крешник Бектеши, министерот за финансии Фатмир Бесими како и претставници од бизнис заедницата.