ЛАДНИОТ АТМОСФЕРСКИ ФРОНТ ПРИСТИГНА ВО МАКЕДОНИЈА: На кратко ни го донесе снегот на повеќе планински превои – Следува нов голем пораст на температурите

Метео анализа на Славчо Попоски:

Ладниот Атмосферски фронт од регионот пристигна во Македонија и на кратко предизвика значителен пад на температурите, силен северен ветер, врнежи од дожд на пониските места, како и снег на планините како и во некои повисоки населени места во западните  и во северните предели од државава.

Снежно утринава беше на планинскиот превој Стража, како и на Ѓавато.

Фото: Стража утрово

Атмосферскиот фронт беше брз, а екипите на ЈП Македонија пат постојано се на терен, секако коловозите на планинските превои се целосно чисти.

Во следните денови продолжува многу променливото време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, повремено засилен јужен ветер а локално врнежите ќе бидат поројни и проследени со појава на грмежи. Температурите повторно ќе бележат тенденција на значителен пораст.

Во следните наши метео објави следува детална метео анализа за следниот период.

Треба да знаете
Последни објави