Не очекува соларна олуја: Можен прекин на телекомуникациите, ќе има и појава на поларна светлина

Вселенските експерти очекуваат ефектот на сончевиот факел да стигне до Земјата во текот на денот и да предизвика геомагнетна олуја што може да ги наруши телекомуникациите и да создаде поларна светлина.

Метеоролозите издадоа предупредување откако беше забележан сончев факел од површината на Сонцето.

Ова е добра вест за ловците на поларната светлина, бидејќи сончевиот факел ќе обезбеди одличен преглед на поларната светлина.

Во предупредувањето од Центарот за предвидување на времето во вселената на САД се вели дека јавноста нема причина да се грижи.

Невремето би можело да ги наруши високофреквентните радио преноси, како што се комуникациите меѓу авионите и далечните контролни кули на сообраќајот.

Прогнозерот Џонатан Лаш рече дека повеќето комерцијални авиони можат да користат сателитски пренос како резервна опција.

Тој изјави дека сателитските оператори би можеле да имаат проблем со следењето на нивните вселенски летала, а одредено ниво на „индуцирана струја“ може да биде регистрирано во линиите на електричната мрежа, но тоа нема да биде количина со која не би можеле да се справат.

Треба да знаете
Последни објави