Утре одлука за можноста за жалба на екстрадицијата на Џулиен Асанж во САД

Високиот суд во Лондон утре ќе одлучи дали Џулијан Асанж, основачот на Викиликс, ќе може да се жали на одлуката за негова екстрадиција во Соединетите Американски Држави.

Американските обвинители го бараат 52-годишниот Асанж под обвинение поврзани со објавување на огромни количини доверливи американски воени досиеја и дипломатска кореспонденција на Викиликс.

Тие тврдат дека нивното објавување ги загрозило животите на американските агенти и дека нема оправдување за неговото злосторство.

Поддржувачите на Асанж го поздравуваат како новинарски херој, чие кривично гонење е политички мотивирано, односно се прогонува за разоткривање на американските злосторства.

На дводневното сослушување минатиот месец, неговите адвокати побараа дозвола да поднесат жалба против одлуката на Британија да го екстрадира.

„Тоа е тоа. ОДЛУКА УТРЕ“, напиша неговата сопруга Стела на социјалната платформа Х.

Треба да знаете
Последни објави