МЗТ Скопје уште еднаш го преслуша ТФТ во домашните обврски

Актуелниот македонски кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром со победа над освојувачот на Купот, ТФТ ја почна новата сезона на домашната сцена (74:60). Ова е втора победа за МЗТ Скопје против истиот ривал откако минатата недела забележа победа и во Суперкупот.             Првата четвртина заврши со предност на шампионот 19:14.                                                                    Во втората четвртина се разигра домашниот тим ТФТ и со серија од 10:0 направи резултатски пресврти и поведе со 28:25. Но, одговорот на шампионот дојде преку Војдан Стојановски, кој со две реализации по ред, иницираше серија по која шампионот одново „побегна“на безбедни (39:31) по 20 минути игра. Третата четвртина се покажа одлучувачка за победникот бидејќи кошаркарите на МЗТ Скопје успеаја да дојдат до плус 20 (59:39) по што рутински ја одработија последната четвртина и со победа ја започнаа новата сезона.                                                     Крстевски и Кефи постигнаа по 13, а Војдан Стојановски 10 за МЗТ Скопје, додека кај ТФТ се истакнаа Ташовски, Стојановски и Андерсон кои дадоа по 12 поени.

Треба да знаете
Последни објави