ТВ 21 објави дека Зијадин Села и Али Ахмети веќе се договриле за заеднички настап на парламентарните избори.
Договорот се однесува на листите за пратеници и т.н сигурни места кои ќе ги добие Алијанса за Албанците со влез во Европскиот фронт, а истиот ќе биде потпишан в сабота, јавува ТВ21.
Според сознанијата, Алијанса ќе добие пет „сигурни“ пратенички мандати во четири изборни единици.