Тренерот на женскиот англиски клуб Лестер, Вили Кирк (45 г.) веднаш добил отказ поради сексуална афера со фудбалерка која ја тренирал. -По опсежна внатрешна дисциплинска постапка и почитување на приватноста на поединецот, Вили го прекрши кодексот на однесување на тимот до степен што ја прави неговата позиција неодржлива, истакнаа од Лестер. Овој 45-годишен тренер беше под истрага, а потоа суспендиран поради сомнежи дека е во врска со фудбалерка, а сега исплива на површина целиот валкан веш, поради што доби отказ по две години во клубот. Кирк го презеде женскиот тим на Лестер во јули 2022 година како спортски директор, а четири месеци подоцна се наименува за тренер, заменувајќи ја Лидија Бедфорд.
![](https://arhiva.24info.mk/wp-content/uploads/2024/03/223061-trenerot-na-lester-dobi-otkaz-zashto-imal-seks-so-fudbalerka.jpg)