Велика Британија би требало да одбие да ја плати сметката „за развод“ со Европската Унија и да се повлече од преговорите за брегзит, ако Брисел не ѝ го даде тоа што таа го бара, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, во пресрет на неговата посета на Велика Британија.
Трамп во интервју за весникот „Сандеј тајмс“ рекол дека следниот британски премиер би требало да го испрати Најџел Фараџ, како некој кој најмногу се залага за брегзит, да преговара со ЕУ.
Тој претходно во интервју за лондонскиот таблоид „Сан“, оцени дека британскиот министер за надворешни работи, Борис Џонсон, бил „прекрасен“ избор за нов лидер на Конзервативната партија, односно за нов премиер, по оставката на Тереза Меј.