Патрушев: НАТО е виновен за епидемијата на рак во поранешна Југославија

Муницијата со осиромашен ураниум, која НАТО ја користеше во Југославија, предизвика повеќекратно зголемување на бројот на заболени од рак, од кој населението умира дури четвртина век по агресијата на НАТО, изјави секретарот на Советот за безбедност на Русија, Николај Патрушев.

„Годишнината од основањето на НАТО практично се совпадна со 25-годишнината од бомбардирањето на Југославија кога, под маската на слоганот „заштита на човековите права и демократијата“, авијацијата на Алијансата безмилосно се справуваше со народот со голи раце. За време на бомбардирањето загинаа над 2.500 луѓе, а повеќе од 12.000 цивили беа ранети“, изјави Патрушев во интервју за весникот „Аргументи и факти“.

Тој потсети дека се уште не е утврден точниот број на загинатите за време на агресијата на НАТО врз СР Југославија.

„Употребата на муниција со осиромашен ураниум доведе до контаминација на почвата и повеќекратно зголемување на случаите на рак кај населението, што продолжува да убива луѓе, четвртина век по агресијата на НАТО“, заклучува Патрушев, пренесува Спутник.

Треба да знаете
Последни објави