Земјотрес со јачина од 4,3 степени ја погоди денеска Грција, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Земјотресот се случил на околу 40 километри северозападно од островот Родос, на длабочина од пет километри.
ЕМСЦ наведува дека најблиското место во Грција кое го почувствувало земјотресот е градот Соуми со 2.300 жители.
Земјотресот е почувствуван и во Турција, а засега нема информации за евентуална материјална штета.