Австриската полиција се огласи по видеото објавено од девојче кое личи на исчезнатата двегодишна Данка Илиќ од Бор. Пред една недела малата Данка исчезна пред „очите“ на нејзината мајка во Бањско Поле во близината на Бор, на истокот од Србија по што и се губи секоја трага,објави Индекс. -Не можеме со 100% сигурност да кажеме дали исчезнатото девојче е на видеото, изјави портпаролот на виенската полиција Маркус Дитрих, за „Клајн Цајтунг“. Тој додава дека австриската полиција се уште се обидува да го потврди идентитетот на девојчето од видеото со помош на достапната технологија. -Човекот кој го направи видеото е сослушан и во моментов нема други сведоци. Приоритет на полицијата е да го пронајде девојчето од видеото и двете жени со кои била. Истрагата е во тек и нашите детективи добро напредуваат. Штом имаме нови информации, веднаш ќе ја информираме јавноста, изјави портпаролот на виенската полиција.