Актеулната премиерка на Естонија, Каја Калас ќе го наследи Јенс Столтенберг на позицијата генерален секретар на НАТО. Калас ја доби поддршката од САД, Франција, Германија и Обединетото кралство, со што стана првата жена од источна и централна Европа која ќе ја води Алијансата. До неодамна прв фаворит за замена за Столтенберг беше Марк Руте, но ја загубил трката за високата позиција во Алијансата поради лошото досие на Холандија за трошоците за одбраната. Калас се промовираше за потенцијален заменик на Јенс Столтенберг уште во 2022 година. Под нејзино водство Естонија ги зголеми трошоците за одбраната на 3% од БДП за 2024-2027 и земјата е една од најголемите донатори по глава на жител во Украина.