Осврнувајќи се на својата програма во делот на судството кандидатот за претседател Стево Пендаровски остро се обрати за дел од судската фела.
„Сите кои што намерно држат предмети во фиоки со години, или не можат да докажат како од плата заработиле милиони, треба да бидат разрешени од функциите и да лежат во затвор, а не да делат правда или да конкурираат за политичка функција“ рече Пендаровски.
Стево Пендаровски се кандидира за втор претседателски мандат откако аткуелната функција ја извршува од 2019 година.