Земјотрес во Јапонија

Земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Јапонија, јави агенцијата Анадолија.

Според податоците на Геолошкиот завод на САД, земјотресот со јачина од 6,3 степени ги погодил островите Изу-Огасавара, јужно од главниот град Токио, околу 5 часот по локално време.

Се проценува дека епицентарот на земјотресот бил на длабочина од околу 409 километри.

Погодените острови се наоѓаат на околу 1.000 километри јужно од Токио.

Треба да знаете
Последни објави