Метео анализа на Славчо Попоски:
Почитувани, овој април се сооуваме со високи температури кои се невообичаени за овој период од годината и истите се повисоки за 12-13 степени ширум регионот, па и во Македонија. Дали сепак станува збор за нешто што не се случило кај нас, или ова е сосема нормален Метеоролошки процес на Балканскиот Полуостров? Поради тоа што се наоѓаме под директен удар на топлите воздушни маси од Африка.
Во продолжение ви претставувам една статистика од минатото:
Во далечната 1952 година, исто вака на самиот крај од месец март, како и во почетокот на месец април територијата на Балканскиот Полуостров се соочи со еден топол летен Африкански бран, но со тоа што истиот беше поизразен од оној што го имавме оваа година на самиот крај од месец март, како и на први април оваа година, кога на повеќе места во регионот се мереа температури до близу 30 степени, а во соседна Бугарија температурите понекаде надминаа и 30 степени.
Со тој бран на топлина во пролетните месеци 1952 година дури и ширум Европа се мереа температури близу, па и над 30 степени. За разлика од таа година, оваа година летниот бран во пролет беше послаб на интензитет.
Потоа нов топол бран исто така на почетокот од април е забележан 1967 година, тоа можете да го погледнете на картата подолу
Овие два бранови на топлина беа каде каде поизразени за разлика од овој сега, но и тој што го очекуваме од овој викенд, како и следната седмица.
ЗАКЛУЧОК НА СЕТО ОВА: Топлите и ладните период на земјата секогаш се менувале еден со друг, што значи ова е нормален процес низ кој минува земјата. И во иднина ќе се соочуваме со екстреми, како што се екстремно високи, како и екстремно ниски температури на воздухот, но со тоа што ќе зачестат врнежите на Балканскиот Полуостров и нема да ги има сушите во летниот период.