Понеделник 08 април е неработен ден за Ромите

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник  на  РМ„ бр.21/98 и 18/07), 8 април 2024 година (понеделник), Меѓународниот ден на Ромите е неработен ден за припадниците на ромската заедница во Република Северна Македонија. 

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на припадниците на ромската заедница во Република Северна Македонија им го честита Меѓународниот ден на Ромите.

Треба да знаете
Последни објави