Како што информираат од МВР, вчера во 19.12 часот во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје било пријавено дека на една од клиниките починал А.Г.Г.(63) од Велика Британија, кој престојувал во хотел во Скопје.
Според пријавеното, на 01.04.2024 во 23.28 часот тој бил донесен во клиниката во тешка здравствена состојба, а на 03.04.2024 починал.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција