„Прв чекор како претседател ќе биде раскинување на Договорот за добрососедство со Бугарија, затоа што барањата во од таа страна веќе го надминаар тој договор како таков ” истакна Билјана Ванковска, кандидат за претседател од Левица, на денешната средба со граѓаните на Штип. На средбите Билјана Ванковска придружувана од пратеникот Борислав Крмов и членот на Президиум на Левица, Александар Симонов, разговараа со штипјани за моменталната ситуација во државава и за изборната програма на Ванковска. На граѓаните им беше поделена и програмата за кандидат за претседател на Билјана Ванковска.
Ванковска истакна дека граѓаните ги препознаваат искрените намери за зачувување на националното и бараат некој да го каже тоа што тие не смеат да го кажат. „Јас ветив дека ќе ја зборувам вистината и јасно го кажувам тоа што граѓаните го чувствуваат, а не можат да го кажат”, рече Ванковска.