Бочварски на минирањето на браната Отиња во Штип: Реализирани 710 милиони капитални инвестиции во 2023 година

„Владата изминатите 4 години стави силен фокус на реализацијата на инфраструктурните проекти, а токму тоа го покажа и реализацијата на капиталните инвестиции од рекордни преку 710 милиони евра во 2023 година“ рече министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски на минирањето на браната Отиња во Штип.

Тој додаде дека минирањето на локалитетот Попова чешма е градежен зафат со кој се обезбедува преку 5000 метри кубни дополнителен материјал потребен за доизградба на насипот на телото на браната.

„Изградбата на браната во Штип беше предизборно ветување во многу кампањи и на многу политичари изминатите 4 децении и особено ми е драго што токму денеска овој проект го реализираме и се работи со силна динамика на терен“ рече Бочварски,

Тој додаде дека оваа година за доизградба на браната во буџетот на Министерството за транспорт и врски се предвидени околу 130 милиони денари, со што веќе наредната пролет овој проект треба да биде ставен во функција.

Треба да знаете
Последни објави