Македонската женската ракометна репрезентација пред своите навивачи со убедлив триумф против Литавнија (34:24) само го потврди своето седмо учество на континенталните собири. Македонските девојки настапот на Европското првенство кое на крајот од годинава ќе се одржо во Австрија, Унгарија и Швајцарија го верификуваа во изминатото коло од квалификациската група со победата на гостински терен против Азербејџан. Вечерашниот натпреавр Македонија и Литванија го почнаа слабо и неефикасно. По три минути игра мрежите мируваа на двете сгарани. Првиот гол беше постигна во четвртата минута откако Арчишевскаја постигна гол за гостинките (0:1). Македонските ракометарки возвратија преку Ризоска, а со првиот гол на Кипријановска во 5. минута поведоа (2:1). Неизвесноста како одминуваше времетро исчезнуваше, па на пауза се замина со шест гола за „црвено-жолтите“ (18:12).
Во второто полувреме македоснките ракометарки ја контролираа играта и разултатот, гостинките само се закануваа дека можат да се изборат за подостоен пораз, но на крајот беа испратени со двоцифрена разлика од Скопје (34:24). Ризоска и Седлоска со по шест гола беа најефикасни кај Македонија, а кај Литванија, Арчишевскаја заврши со десет постигнати гола.