Лице од Арачиново со живеалиште во Ирска приведено отил летало дрон во близина на касарна

Вчера по полноќ, на задниот дел од касарната „Гоце Делчев“ во општина Аеродром, полицијата го приведе Р.Р.(53) од Арачиново, со живеалиште во Ирска. Тој се сомничи дека сторил кривично дело „неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи на воени објекти и борбени средства“ по член 350 од Кривичниот законик, велат од МВР. „Гостинот од Ирска“ бил затекнат од воени лица како лета дрон во близина на касарната.

Треба да знаете
Последни објави