Шакира глумела во теленовела, па ги купила правата за да спречи репризирање

Додека Шакира е препознатлива по песните што станаа глобални хитови, како што се Hips Don’t Lie или Waka Waka, ретко кој знае дека на почетокот на нејзината кариера таа се обидела и во актерството. Меѓутоа, бидејќи тогаш не била задоволна од својот изглед, ги откупила правата за да спречи репризирање.

Колумбиската пејачка имала 16 години кога глумела во теленовелата „Ел оазис“ од 1993 година, но бргу сфатила дека пеењето е нејзиниот прв избор, а актерството веројатно не ѝ било едно од најдобрите искуства во тоа време.

Шакира ја играше Луиза Марија, која кога се соочи со природна катастрофа во својот роден град, ја пронаоѓа љубовта со Саломон, кој го игра Педро Рендон. Ако сакате да гледате теленовела, голема е веројатноста дека нема да најдете многу содржини на интернет.

Еден од ретките клипови од серијата беше споделен на „Твитер“, а може да се забележи дека пејачката изгледа значително поинаку.

https://twitter.com/RelatocuriosoK/status/1776733253795254671

Режисерот Педро Моголон еднаш откри дека Шакира се издвојувала од актерската екипа иако имала само 16 години.

„Знаев дека таа девојка ќе замине далеку порано или подоцна“, рече тој и додаде: „Не бев изненаден кога стана ѕвезда, знаевме дека ќе се случи“.

Пејачката подоцна имаше неколку појавувања во серии, но во поединечни епизоди. Обожавателите се сеќаваат на нејзиното појавување во Wizards of Waverly Place на „Дизни“ заедно со Селена Гомез.

Треба да знаете
Последни објави