Комитетот за внатрешни работи на Европскиот парламент денеска го поддржа предлогот за безвизен влез во ЕУ на имателите на српски пасоши од Косово.
За предлогот гласаа 34 членови на УО, седум беа против, а 12 беа воздржани. Предлогот ќе се гласа на пленарната седница на Европскиот парламент во втората половина на овој месец. После тоа, одлуката треба да биде потврдена од Советот на ЕУ и се очекува да стапи во сила пред почетокот на летото.
Граѓаните на Косово со пасоши издадени од косовските власти можат да патуваат во ЕУ без визи од 1 јануари годинава. Но, тоа не се однесуваше на имателите на пасоши издадени од Координативната управа на Србија на државјани на Косово од српска националност.
Укинувањето на ова ослободување значи дека сите во Западен Балкан ќе имаат безвизен режим со Европската унија.