Силјановска Давкова: Формулацијата 20% за јазикот не се однесува само за албанскиот

Кандидатката за претседател на Македонија, поддржана од коалицијата што ја предводи опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова која по вторпат ќе ја бара довербата од граѓаните да застане на чело на државата, откако во 2019 година не ја доби, гостувајќи во емисијата Аргумент плус истакна дека во Рамковниот договор не случајно стои 20% и тие не се однесуваат само на албанскиот јазик. -Во амандманот 5 на локално ниво се однесува и на останатите јазици. Не случајно е одбрано 20% и тоа не е наметнат македонски предлог, тоа е од Меѓунардоната заедница. Во другите земји, тој процент е поголем. Ако е дел од Рамковниот договор, а таму не смееше ништо да се смени, иако сега е дел од Уставот. Не мислам дека ова треба да се менува и сосема е јасно дека тоа е албанскиот јазик на државно ниво и другите јазици на локално ниво. Законот за употреба на јазиците е ужасен, неуставно донесен, со неуставни решенија, може да се направи некоја ревизија, да се посегне по друго решение и Уставот не треба да се менува“, вели Силјановска Давкова.

Треба да знаете
Последни објави