Караванот на претседателскиот кандидат од Движење ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски вечерва беше во Тетово, а во текот на денот ги посети и Јегуновце, Лешок, Брвеница. Во обраќањето пред тетовчани тој се заблагодари на топлиот пречек и рече дека е факт оти се наоѓаме пред историски чин. Граѓаните можат да ја променат таа состојба и за првпат во Македонија да се гласа за, а не против. Тој рече дека сме жртви на два политички субјекта од македонскиот блок и два од албанскиот. Димитриевски потенцира дека на Македонија и треба Претседател кој ќе биде со граѓаните и ќе ги штити нивните интереси. -На Македонија и треба Претседател, обичен човек, којшто ќе тргне од нив и ќе биде со нив. И затоа со право можам да кажам дека јас сум еден од тие, рече Димитриевски и додаде дека граѓаните сами, по нивна желба дале поддршка на неговата кандидатура и го поддржале. „Не сакам, рече Димитриевски, – да видам како се превртуваат автобуси затоа што немаат технички преглед. Живи луѓе да горат по болници, наместо да ги лекуваме, ние ги убиваме. И денеска ги гледам истите луѓе кои се најодговорни за таквите нешта, се шетаат по Македонија, исто како во корона кризата кога правеа пи ар кампања во владата и направија огромен прес центар, наместо да решаваат проблеми, како се саморекламираат и афирмираат за актуелни носители на пратенички листи. И од овде сакам да им порачам на сите такви, а тие таквите во момнетов се актуелното раководство на СДСМ, кое состави пратенички листи за самоамнестија и имунитет. Едни исти луѓе во континуитет со години наназад. Ги испроменија сите функции, а граѓанинот го ставија на дното. Е па не може така“ и додаде: -Нашата цел не е да го делиме народот. Нашата цел е да го обединиме народот. Првенствено македонскиот, а потоа и сите граѓани на Македонија.Само се зборува за соживот, а всушност се креира биетничко општество.