Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска изјави дека признавањето на палестинската држава е „во геополитички интерес на Европа“.
„Меѓународната заедница нема да може да и помогне на палестинската држава доколку таа не го признае нејзиното постоење“, рече Санчез пред шпанските парламентарци.
Тој додаде дека „Шпанија е подготвена да признае палестинска држава“, без да прецизира датуми.
Санчез повторно го осуди, како што рече, „апсолутно непропорционалниот одговор“ на владата на Бенјамин Нетанјаху на „терористичкиот напад од Хамас“ на 7 октомври минатата година.
Тој предупреди дека таквиот одговор се заканува да го „дестабилизира Блискиот Исток, а со тоа и целиот свет“.