Пахор е заинтересиран да го наследи Лајчак во дијалогот Белград-Приштина

Поранешниот претседател на Словенија, Борут Пахор, денеска за словенечката агенција СТА потврди дека е заинтересиран за функцијата специјален пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, во која би го наследил Мирослав Лајчак, чиј мандат истекува во август. Претходно, словенечкиот премиер Роберт Голоб изјави дека безусловно го поддржува Пахор во неговата кандидатура за специјален претставник на ЕУ за дијалог и додаде дека поради оваа причина има одржано бројни билатерални разговори со лидерите на европските земји, како и со највисоките претставници на Европската Унија, во изминатиот месец.

Треба да знаете
Последни објави