„Нашето најголемо потфрлање, објективно беше во делот на високата корупција и паролата – Нема правда- нема мир, заради што се крена целиот народ во Македонија. Тука имаме со што да се пофалиме,во однос на претходниот режим, затоа што има и активни функционери од нашата политичка структура, кои се соочија со лицето на првдата, и се денес во притвор или затвор. Но тоа не е доволно, затоа мора да направиме, комплетна темелна промена на оние кои се реалните кочничари, за тоа секој да си го добие заслуженото, тоа се дел од судиите и дел од обвинителите, кои под влијание на некои центри на политичка моќ, не судеа по Устав и закон, и меѓународни договори, туку судеа селективно, затоа многу криминалци за кои знаеме дека заслужуваат да бидат зад решетки денес не се таму. Затоа предлагаме оваа политичка структура, заедно со мене, да направиме комплетен ветинг, во кој ќе го провериме имотот на сите судии и обвинители и да видиме кој од нив има несразмерно голем имот во изминативе 5, 10 ако треба и 30 години, ама ќе почнеме од нас политичарите,“ рече кандидатот за претседател Стево Пендаровски на граѓанската трибина во Кавадарци.
Пендаровски посочи дека многу такви, кои се огрешиле има во денешната опозиција, со оглед на работите кои ги правеле во нивните 11 години. Тој додаде дека токму нивната кандидатка за претседател, ваков ветинг нема да помине, заради тоа што во раните 90ти го кршеле ембаргото наметнато кон тогашна Југославија и имаат стекнато несразмерно голем имот.
„Јас никогаш сум имал обид да кршам закон, целиот мој живот и во администрацијата и како претседател, сум работел само за плата, а не за проценти. Така ќе биде и во следните 5 години,“ порача Пендаровски.