Во Пакистан автобус со муслимански верници падна во провалија, 17 загинати и 16 повредени

Портпаролот на провинцијата Белуџистан, Шахид Ринд изјави дека сообраќајната несреќа се случила синоќа кога верниците се упатиле кон едно свето место за да го прослават Рамазан Бајрам.

Возачот изгубил контрола над автобусот и паднал во провалија на само 25 километри од дестинацијата.

Петнаесет лица се во тешка состојба, а во автобусот имало 33 лица, меѓу кои и возачот.

Треба да знаете
Последни објави