Федералната служба за безбедност на Русија на 11 април спречила активност на терористичка ќелија која планирала терористички напад врз руски воен објект во Доњецк, објави прес-службата на ФСБ.
Според извештаите, терористичката ќелија се состоела од шест државјани на централноазиска земја.
„Нејзините членови планирале да извршат терористички акт против објектот на Вооружените сили на Русија лоциран во градот Доњецк“, се вели во соопштението.
Припадниците на ФСБ на Русија утврдиле дека активноста на терористите била координирана од територијата на Украина. По извршувањето на делото, членовите на групата планирале да заминат во Турција, а оттаму во Украина.
Во местото на пртстој на терористите се пронајдени и одземени две импровизирани експлозивни направи и рачни бомби.