Шолја од злато вредна повеќе од 10 милиони јени (60.850 евра) била украдена од стоковна куќа во Токио откако била изложена во отклучена кутија.
Шолјата за чај, направена од чисто 24-каратно злато, исчезнала од трговскиот синџир Такашимаја, на кој биле изложени низа златни предмети за продажба, објави Гардијан.
Украдената шолја за чај беше едно од најскапите парчиња меѓу повеќе од 1.000 предмети за служење чај, есцајзи и артефакти.
Безбедносните снимки покажаа дека маж ја става чаша во чанта пред да побегне, објавија локалните медиуми.
Полицијата го истражува случајот.