Пронајдени украдени лего коцки вредни 300.000 долари

Во рациите на четири домови низ Јужна Калифорнија, американската полиција пронашла украдени лего коцки во вредност од околу 300.000 долари.

Кражбите се случиле во окрузите Лос Анџелес и Оринџ, а осомничените се на возраст меѓу 35 и 47 години, пишува Тајмс.

Тие се уапсени под обвинение за организирана кражба на мало, голема кражба и завера.

Легото е омилена мета на крадците бидејќи лесно се продаваат, а профитот може да биде огромен, пишува весникот.

Некои од најпопуларните комплети може да се продаваат за илјадници долари.

Треба да знаете
Последни објави