Поддршката од семејствата е најзначајниот фактор за секој вработен да може да даде максимум од себе во развојот на заедничката безбедност и одбраната на нашата земја, објави министерката за одбрана, Славјанка Петровска.
„За прв пат, денеска нашите вработени ја имаа можноста со себе на работа да ги донесат и своите деца кои видоа каде работат нивните родители, уживаа во активностите кои ги организиравме за нив и преку цртежи ни покажаа колку работата која ја вршат нивните родители е значајна за државата“ пишува Петровска на социјалните мрежи.