По Ливерпул и вториот претендент за шампионската титула во англиската фудбалска премиерлигашка конкуренција Арсенал денеска е шокиран пред своите гледачи. На „Емирати“ славеше Астон вила (0:2) во 33. коло и го остави на лидерската позиција актуелниот првак Манчестер сити. Во Лондон мечот го решија Бејли и Воткинс. Поранешниот тренер на „топчиите“, Унај Емери по вторпат оваа сезона го имаше рецептот како да го совлада поранешниот свој клуб, откако во првиот меч славеше со 1:0 во Бирмингем. Манчестер сити останува лидер со 73 бодови, додека Арсенал и Ливерпул имаат по 71, а Астон вила е на четвртата позиција со 63 бода.