Министерката за одбрана Славјанка Петровска преку социјалните мрежи изрази осуда за последните недолични коментари и навреди на политичката сцена.
„Подеднакво ги осудувам сите недолични коментари и како оној кој беше упатен кон Силјановска, но и како оној кажан во официјалното соопштение на ВМРО ДПМНЕ за физичкиот изглед на Бојан Маричиќ. Говорот на омраза, клеветите и омаловажувањата кои ги гледаме со години од челниците и ботовите на ДПМНЕ не може да предизвикаат ништо добро“ пишува Петровска.