Израел со проектили ја нападна воздухопловната база „Т4“, поврзана со Иран

Сириските државни медиуми објавија дека Израел ја нападнал воздухопловната база „Т4“ во близина на северниот град Хомс по полноќ во неделата, при што загинал еден војник и двајца други биле ранети. Група за набљудување изјави дека загинале 5 лица, пренесува „Тајмс оф Израел“.

Нападот се случил кога ИДФ изврши воздушни напади врз неколку воени цели во Сирија претходно во неделата изутрината, во кои, наводно, загинаа 10 лица, а беа одговор на две ракети истрелани од Сирија кон Голанската Висорамнина претходно.

Воени лица за САНА изјавија дека нападот бил насочен кон уништување објект за складирање оружје и неколку други згради во базата.

Израел ја нападна базата „Т4“ или „Тијас“ во повеќе наврати. Тие рекоа дека во нападите загинал еден сириски војник, а двајца биле повредени.

Британската сириска опсерваторија за човекови права информира за петмина загинати, вклучително и еден сириски војник. Во нападот било уништен и ракетно складиште.

Треба да знаете
Последни објави