Бројот на станбени објекти во Русија погодени од поплави достигна 15.800, соопшти прес-службата на Министерството за вонредни состојби.
– Во моментов во 33 региони на Русија се поплавени повеќе од 15.000 станбени објекти, околу 28.000 парцели, 111 мостови и 84 делници од патиштата – се наведува во соопштението.
Најголем број поплавени куќи има во областа Оренбург.
Во соопштението се нагласува дека ситуацијата е тешка во федералните окрузи Волга и Урал.