Миријам Лонг стана добитничка на џекпот од милион долари на лотаријата Пауербол, а начинот на кој ги освои парите е неверојатен.
Се започнало кога дошла до автомат во Блексбург, каде планирала да купи лотарија Мега Милионс.
Миријам отишла до машината, но притиснал погрешно копче и купила Пауербол наместо Мега Милионс.
Не ѝ преостанало ништо друго освен да ја чека ждрепката на 18 март, кога го доживеала шокот на животот.
Таа ги погоди првите пет победнички броеви и освои 1 милион долари.
„Ова е најдобрата грешка во мојот живот“, изјави среќната добитничка.
Миријам додава дека срцето за малку ќе и искокнело од градите.
„Бев возбудена, воодушевена. Тоа е необјасниво”, истакна таа.
Жителката на Вирџинија не откри што планира да направи со големата сума на пари што ја освоила откако притиснала погрешно копче, пишува Телеграф.