Денеска 16.04.2024 од страна на Одделот за воздухопловни единици беше реализиран успешен транспорт на македонски државјанин од Унгарија во Македонија за да му се овозможи навремена медицинска нега.
Имено, имајќи ја предвид потребата да биде брзо пренесен во својата земја поради влошена здравствена состојба за време на неговиот престој во Унгарија, по добиено барање од ЦУК, македонскиот државјанин е преземен со полицискиот хеликоптер „бел” 412, во содејство со претставници од Министерството за здравство и медицински тим од Градската општа болница „8 Септември” и донесен во Скопје за понатамошна подолготрајна здравствена нега.