Претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски реагира на изјавата на германскиот пратеник Питер Бајер, дека ВМРО-ДПМНЕ се за менување на Уставот
„Баба лаже трап не лаже. Сега и Германскиот пратеник Бајер го потврдува она што јас со години ви го велам. Стигна потврдата.
Дома глумат патриоти а надвор коленичат и ветуваат дека ќе го сменат Уставот само прво да дојдат на власт. Вакви лажови, вакви измамници оваа држава и овој народ не паметат. Кого лажеш Мицкоски!? Твоите гласачи дома или твоите сестрински партии надвор? Едно зборуваш на митинзи, друго по амбасади и кабинети, но и на твоите лаги ќе им дојде крајот многу брзо“ пишува во објавата Стевчо Јакимовски.