Кандидатката за претседателка од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова како Орвеловски свет го опиша западното општество и нашите стратешки партнери, споделувајќи статус од Жидас Даскаловски на Фејсбук.
Таа во 2022 година ја сподели објавата на Даскаловски во која тој обвинува дека вестите што ги добиваме за руската агресија врз Украина се еднодимензионални и дека постои цензура.
Со ваквата објава очигледно се согласува Силјановска-Давкова која го споделила овој статус на Даскаловски, што само го отвора прашањето дали кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ смета дека нашите стратешки партнери живеат во Орвеловски свет.
Во нејзината кампања и самата Силјановска-Давкова кажува дека е прозападно ориентирана, но истовремено смета дека на западот владее цензура и еднодимензионалност.
Редакцијата на 24инфо.мк до изборниот штаб на Силјановска-Давкова испрати прашање дали таа се уште ги делите истите ставови, но до овој момент не добивме одговор.