Поради најновата прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи на РСМ за нагло опаѓање на надворешните температури, Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе нова одлука, за испорака на топлинска енергија.
Согласно одлуката, денес 17.4.2023 во попладневните часови компаниите формирани од АД ЕСМ, како и подружницата Енергетика ќе вршат производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија.