Едно е осудата на тоа што се случило во Сребреница како геноцид, тоа нема никаква врска ниту може во никој случај и на никаков начин да значи, дека таа дамка во Сребреница може да се фрли врз целиот српски народ или на Србија, истакна Бојан Маричиќ, македонскиот вицепремиер за европски прашања. Тој додаде дека должни сме тоа да го разграничиме бидејќи не е коректно да се стигматизира цел народ и држава. „Затоа мислам дека не треба и не смее оваа поддршка на осудата на Сребреница да се гледа како чин против Србија и против српскиот народ. Напротив, ние негуваме блиски односи, блиски релации и со Србија и со српскиот народ. Ги цениме нашите традиционално добри односи и сакаме да ги градиме и понатаму“, рече Маричиќ. Вицепремиерот додаде дека ставот на Македонија е многу јасно утврден со Декларација на Собранието донесена уште на почетокот на 2010 година.